Дека сите сега играат во фудбал во светот, тоа одамна го знаеме, но дека сите сега играат ракомет во светот, е тоа денеска го дознавме. Можете да замислете, селекцијата на Ф. Острови ја победи Данска со 33:32 и тоа во ракомет. И тоа на ЕП за млади до 20 години.
Сензационално, нешто невидено. Каде ли само отиде спортот?
Инаку ова е прва победа на Ф. Острови против Данска во историјата на двете земји, ако се сметаат екипните спортови, и токму во ракометот, каде што Данска во светот владее веќе низа години наназад.
Каде ли отиде спортот, посебно ракометот?










