Екипата на ТФТ го дозна и првиот противник во овогодишното издание на ФИБА Лигата на шампиони, а во првата квалификациска фаза го доби тимот на Кемниц Најнерс каде што како асистент работи македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов.
Се работи за германска екипа од градот Кемниц, Саксонија која минатата сезона заврши како шестопласирана во Бундес лигата.
ТФТ треба да помине три квалификациски филтри, а доколку биде подобар од германската екипа во наредното коло ќе игра против Фрибург Олимпик од Швајцарија, а во третото со подобриот од Лестер/Волунтари и Тофаш.










