Шкендија со убава предност ќе патува во Ерменија на реваншот од првата рунда во квалификациите во Лигата на Конференции. Совладан е Арарат Ереван со 2:0. Посебно треба да се истакне вториот гол на Валмир Нафиу, прекрасен шут. Првиот беше дело на Шаља, но одличен беше Љупче Дориев кој беше асистент на двата гола за нашиот евро претставник.
На трибините можеше да се забележат познати фаци, пред се Агим Ибраими, некогашниот фудбалер на Шкендија и упте многу други европски екипи и поранешен репрезентативец на Македонија. Тој се споменува и како нов спортски директор на тетовски „црвено – црни“. Тука беше и селекторот Благоја Милевски, а по завршувањето на мечот поздрав до навивчите и благодарам за поддршката.


















