Артим Шаќири: Одличен резултат за нас, но има и реванш во Ереван!

677

Секако дека стратегот на Шкендија, Артим Шаќири по мечот со Арарат, беше задоволен од победата. Шкендија одигра добро, ја контролираше играта и таа победа од 2:0 е добар капитал шред реваншот. Сепак треба да се одигра и реваншот.

Шаќири по мечот изјави:

Имаме два гола позитива, тоа е одличен резултат за нас. Иако можевме да победиме со поголема разлика. Секако дека е добро што не се тресеше нашата мрежа зошто тие имаа две добри шанси. Во глобала сум задоволен од нашата игра, но јасно е дека треба некои сегменти да се подобрат. Имаме доволно време да се спремиме пред реваншот во Ереван кој ќе биде тежок, но ние ќе се подготвиме“ потенцираше Шаќири.

ПретходноАгим Ибраими, селекторот Милевски… ја гледаа Шкендија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноВисок пораз на Академија Пандев: Португалецот Флавио со хет-трик ги испрати струмичани (ВИДЕО)