Кадетките почнаа со пораз на Балканското првенство во Србија

115

Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз од Романија 3:0 (25:20, 25:21, 25:14) го започна Балканското првенство во Врање, Србија.

На собирот на одбојкарките родени 2006-та година и помлади, учествуваат седум репрезентации, а „црвено-жолтите“ ќе одиграат најмалку уште две средби. Во нашата група „Б“ е и Турција со која ќе ги одмериме силите утре, а само со победа може да се надеваме на полуфинале.

Противничките ќе бидат фаворитки затоа што вчера ја совладаа Романија од која ние денеска бевме поразени. Доколку бидеме поразени, избраничките на селекторката Јована Јањиќ ќе играат за пласман од петтото до седмото место.

ПретходноМечот во Гдањск продолжи: Навивачите го демолираа стадионот (ФОТО)
СледноЛехија ја прегази Академија Пандев за 45 минути: Струмичани губат 3:0 на полувреме (ВИДЕО)