Калин застана во четврт – финалето

182

Пораз од шпанецот Роденас и крај на патот на Калин Ивановски на овогодинешниот јуниорски Вимблдон. Македонскиот тенисер не успеа да влезе во полуфиналето и застана едно скалило пред тоа по тешката ботка во која загуби со 2:1. Иако имаше предност од 1:0 во сетови (6:3), сепак во следните два Роденас на крена својата игра на ниво погоре и успеа најпрво со тај бреј (7:6 – 7:5) да израмни на 1:1, а потоа во третиот сет да дојде и до конечен триумф од 6:3.

Ивановски имаше шанса во вториот сет во кој се врати од неверојатни 5:1 на 5:5, а потоа и во тај брејкот имаше на свој сервис шанса за меч топка но не дојде до неа затоа што Роденас во клучниот момент го одигра веројатно потегот на целиот турнир. Потоа, Ивановски психолошки како да падна малку, дојде до мала нервоза кај него, што влијаеше и на неговата игра во третиот сет. Рано го загуби својот сервис, потоа го врати на кратко за 3:3, но Роденас едноставно имаше повеќе концентрација во самиот финиш.

И поркај поразот, ова е огромен успех на Ивановски, кој покажува дека на 18. годишна возаст има огромен потенцијал и квалитет кој е кадарен да го однесе и подалеку од моменталниот успех.

 

ПретходноНајмалиот син на Диего Симеоне потпиша за Сарагоса
СледноАкадемија по подвиг во Полска