Македонија ЃП продолжува со подготовките во Банско во пресрет на одигрување на двомечот со ЦСКА Софија во 2.квалификациско коло од Лигата на Конференции. Покрај жестоките тренинзи, тимот на стратегот Муарем Бајрами игра и пријателски натпрвари. Па така денеска „Лавовите“ во Благоевград на стадионот “Христо Ботев“ одиграа контролен меч против Апоел од Кипар. На истиот тие се поразени со 0:2. По еден гол примија во двете полувремиња.
Во следните денови тие во Бугарија ќе оидграат уште неколку пријателски средби.










