Македонската кошаркарска репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за претквалификациите за место на Европското првенство 2025 година. Предводени од Александар Јончевски, новиот селектор на „црвено-жолтите“ почнуваат нова мисија за подобро утре на кошарката.
Овој пат според најавите, Македонија ќе биде во далеку посилен состав од последните средби во претквалификациите за СП. Се враќа Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски, а Јончевски повика и дел од кошаркарите кои го носат дресот во репрезентацијата до 20 години.
Во Маврово поради приватни обврски нема да биде Димитријевиќ, тој ќе се приклучи на 17 август.
Во Маврово кошаркарите ќе останат до 13 овој месец, во рамките на подготовките „црвено-жолтите“ ќе одиграат и пријателска средба против Црна Гора во Бар.
На стартот на претквалификациите, Македонија и гостува на Данска на 25 август, три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Словачка.










