Челзи се согласил да го продаде Тимо Вернер назад во РБ Лајпциг во договор вреден 25,3 милиони фунти, пишува весникот „САН“.
„Сините“ го купија Германецот од Бундеслигата пред две години со голема помпа за 53 милиони фунти, но откако видоа дека тој не е ни бледа сенка од она што го очекуваа, решија да го продадат со загуба од речиси 30 милиони фунти.
Според „Скај Спортс“ , сумата на комплетниот трансфер во РБ Лајпциг ќе биде околу 25,3 милиони фунти, плус бонуси.
Минатата сезона тој постигна само четири гола во Премиерлигата.










