Машката кадетска репрезентација вечерва во Рига го започнува настапот на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години. Оваа генерација е пред голем предизвик, односно битка за место кое води на Европското првенство (У20) кое ќе се одржи во 2024 година, како и на Светскиот шампионат за играчи до 19 години следното лето.
Поради долгиот пат, нашите ракометари доцна синоќа пристигнаа во Летонија, па мораше да го поместуваат терминот за првиот меч со Турција. Така вечерва во 19.30 часот ќе го одиграме премиерниот меч на шампионатот со Турците и се надеваме дека ќе стартуваме со победа.
Проблем ќе биде тоа што веќе утре имаме втор меч, а тој ќе се одигра во терминот од 13 часот, што е неполни 16 часа меѓу двата меча. Македонија е во група со Косово, Летонија и Турција, додека во групата „Б“ се Швјцарија, Луксембург и Белгија.
Првите две места од двете групи водат во полуфиналето.










