Неверојатно: Ц. Звезда е 14-ти најуспешен клуб во историјата на УЕФА, пред Ливерпул…

891
ФОТО: UEFA.COM

Некогаш статистиката ги покажува и докажува фактите, но некогаш оди во таква крајност што е спротивно на сите реалности.

Па така, замислете, Ц. Звезда во псоледните 67 години, од сезоната 1955/56 била 14-ти најуспешен клуб во историјата на УЕФА, а еден Ливерпул е зад нејзе, и тоа на 16-тото место. Иако “црвено – белите“ имаат само една титула европски првак а “редси“ дури шест.

Но според швајцарскиот специјализиран сајт за фудбалска статистика Swiss Football Data, во изминатите 67 години Ц. Звезда освоила повеќе уефа – бодови, и затоа е пред Ливерпул.

Се разбира дека Реал Мадрид е прв, а следуваат Барселона и Бенфика.

Инаку се разбира дека меѓу првите 100 нема клубови од Македонија, а од екс – СФРЈ на 19. место е Динамо Загреб, Партизан е на 40. место а Хајдук на 51. место.

Во продолжение можете да видите како изгледа табелата на стоте најуспешни клубови во Европа.

Image

ПретходноСтрелецот на фантастичниот гол во Струмица: Најважни ми се победите на Брегалница! (ВИДЕО)
СледноЌе почека на дебито: Џани вечерва нема да го гледаме во дресот на Фенер на првиот првенствен меч!