Стрелецот на фантастичниот гол во Струмица: Најважни ми се победите на Брегалница! (ВИДЕО)

473

Дарко Додев, напаѓачот на Брегалница, вчерашниот ден и вчерашниот меч во Струмица против Академија Пандев. Тој меч за него беше 100-ти во ПМФЛ, а во второто полувреме постигна ретко убав гол, фантастичен гол за 1:1, на крајот штипјани победија со 1:2.

Па така Додев за клупскиот сајт на Брегалница истакна:

Секако дека со задоволство ќе се сеќавам на тој гол, според мене тоа е мојот најубав гол во досегашната кариера. И сето тоа на стотиот јубилеен настап во ПМФЛ“ вели Додев.

Сепак тој потенцира дека најважно е Брегалница да победува:

Да, најважно е Брегалница да победува. Комплетно ја надигравме домашната екипа на А. Пандев. Во текот на целиот меч бевме подобри и заслужено победивме. Можевме и поубедливо, но најважни се трите бода освоени на гости кај екипа која ова лето ја претставуваше Македонија на евро-сцената“ заврши Додев.

Во продолжение можете да го видите уште еднаш фантастичниот гол на Дарко Додев…

ПретходноСавевски: Имавме голема желба да бидеме во Топ 8! Ракометарките плачеа, тие се моите борци!
СледноНеверојатно: Ц. Звезда е 14-ти најуспешен клуб во историјата на УЕФА, пред Ливерпул…