Македонската кошаркарска репрезентација по кратка пауза одново е во центарот на вниманието, овој пат се подготвува за претквалификациите за пласман на ЕП 2025 година.
Прва база е Маврово, таму ќе се подига формата по паузата, а потоа во Скопје ќе се работи за тактичкиот дел. Според еден од најстандардните и најискусните имиња во нашиот национален тим, Бојан Крстевски најважно е да се подготви тимот, а потоа без потценување и против оние земји кои немаат голема кошаркарска традиција да се одигра максимално.
„Имаме 20 дена да се подготвиме максимално. Добро е што ќе одиме во Маврово да ги искористиме сите денови за да влезе во ритам. Екипата е старо-нова, дополнета со имиња кои не беа на претходните мечеви, а ќе ни бидат од голема помош. Алек е нов селектор, но тука е веќе десет години, добро не познава сите, добро соработуваме. Според мене, сега за сега, се е позитивно. Што се однесува до противниците, во денешно време видовме дека сите играат кошарка. Данска бележи голем напред, со Словачка се знаеме многу добро, имаме добар исход со нив се надевам дека ќе продолжиме така. Не смее да потцениме никој, добро да се подготвиме и на натпреварите да го дадеме максимумот“, изјави за СПОРТМЕДИА, Бојан Крстевски.










