Нов проблем за Барселона: Немаат 37 милиони евра да платат данок

415

Откако необјасниво потрошија 150 милиони евра за нови засилувања ова лето во исклучително тешката ситуација во клубот по заминувањето на Хосеп Марија Бартомеу и долгови кои според различни извештаи се приближуваат до 1,4 милијарди евра, Барселона сега е пред нов проблем. Освен проблемот со регистрацијата на новите играчи, како проблем плу се појави даночна обврска во висина од околу 37 милиони евра.

Во моментов Каталонците и натаму не можат да ги пријават своите нови играчи и бараат други начини за решавање на проблемот, а почетокот на Ла Лига е за само една недела. Прашање е како ќе биде покриен новиот минус за клубот да стартува ликвиден на почетокот на новата Ла Лига сезона.

ПретходноКрстевски: Не смее да се потцени ниту една Данска!
СледноПрвиот тим на Ренова згасна кога клубот го доби најдобриот терен! (ФОТОГАЛЕРИЈА)