Мурињо покажа дека е голем човек: Најважни се насмевките на децата од Украина!

316

Рома и Шахтјор синоќа одиграа пријателски натпревар на Олимпискиот стадион во Рим. Италијанскиот тим славеше убедлива победа од 5:0, мечот беше со хуманитарен карактер поради случувањата во Украина, односно поради агресијата на Русија.

Жозе Мурињо по натпреварот објасни што значи за него да игра хуманитарни натпревари.

„Мораме да гледаме од две перспективи: едната е фудбалот и за нас е важно да играме против добар тим. Но, има и човечка страна: Мислам дека сите на стадиони беа обединети во поддршката на земјата која минува низ тешки времиња“, изјави Португалецот и продолжи: 

„Сум играл во Украина неколку пати, но никогаш во Доњецк и никогаш против Шахтјор, што е неверојатно со оглед на бројот на натпревари што ги одиграв на европско ниво“, рече Мурињо, а потоа ги пофали противниците:

„Беше одлично да се игра против нив, дури и во оваа ситуација. Тие играат добар фудбал и тоа е важно за нас. А тука е и хуманитарната страна, фудбалот може да ги покаже човечките чувства и она што го видовме денес е важно“.

После тоа покажа колку е голем човек и ги спомна децата на Украина:

“Не можам да кажам ништо. Покажуваат колку се обединети и храбри. Има малку што да се каже, освен дека сите им посакуваме среќа и мир на овие луѓе. Денеска видовме и украински деца насмеани. Ова е што сакаме да видиме“.

Рома  сезоната во Серија А ја отвара на 14 август на гости кај Салернитана.

ПретходноГвардиола: Ако некој се обиде да му ја земе топката на Халанд од пенал ќе добие тупаница в лице!
СледноШкупи сака одмазда, Шамрок мора да падне… и тоа најмалку со два гола разлика!(ФОТОГАЛЕРИЈА)