Македонија У-18 попладнево во салата „Борис Трајковски“ во битката за 11. место на СП за кадетки загуби од Хрватска со 28-32 (10:20), па така заврши на дванаесетото место на овој Мундијал кој се одржува во Скопје.
Чуден меч, ако се знае дека првиот дел гостинките го добија со 10 разлика, но Македонија во 48.минута имаше минус од само 3 гола.
Некаде до 15 минута и не беше така лошо, резултатот беше или егал или со еден гол разлика, но тогаш Хрватките како да вклучија во некоја друга брзина а нашите кадетки како да застанаа во место, па така од резултат 7-7, серијата заврши со неверојатни 7-15. Нашите млади ракометарки се обидуваа нешто да сторат, но ништи не им поаѓаше од рака, за разлика од нив Хрватките се што шутнаа речиси се и погодија, а реално и го покажаа сиот свој квалитет.
На крајот од полувремето резултатот беше 10-12, за Хрватска.
Но се беше поинаку во второто полувреме, Македонија заигра како што треба, како што може. Како некоја друга Македонија да излезе на паркетот па во 48.минута разлика беше само -3.
Хрватките сега ги немаше никаде, а нашите девојки летаа по паркетот.
Каков ли ќе беше резултатот ако и во првиот дел играа така. Во овој дел Ризоска и Душкоска ја “решетаа“ мрежата на Хрватска.
Но во 22.минута гостинките се соземаа, па брзо вратија со неколку голови и повторно направија солидна разлика од +6 за нив.
Македонија како да се истошти во тие 20 минути во вториот дел, па за целосен пресврт немаше сила.
На крајот резултатот гласеше 28:32.
Најдобри стрелци во нашата репрезентација беа Ризоска со 9 голови, Душкоска стрелаше шест пати, а Младеновска постигна пет голови.

















