Репрезентацијата на Бразил на 23. и 27. септември ќе игра пријателски натпревари против Гана (во Авр) односно Тунис (во Париз), а селекторот Тите не го повика напаѓачот на Арсенал Габриел Жесус. Фудбалерот на Арсенал на стартот на сезоната постигна три гола и имаше три асистенции, но Тите одлучи да не го повика.
Засега нема објаснување зошто Жесус не е повикан, па тргнаа разни шпекулации дека Тите не го планира за претстојниот Мундијал и ќе се потпре на Нејмар, Винисиус, Фирмино и уште некои други ѕвезди.
Затоа на списокот се и двајца дебитанти. Дефанзивецот на Јувентус Глејсон Бремер е еден од нив што значи дека нема да биде достапен за селекцијата на Италија. „Аѕурите“ имаа шанса да го земат да игра за нив, но се чини дека Бразил ќе победи во трката.
Другиот дебитант е дефанзивецот на Рома Роџер Ибањез. За разлика од Бремер, Ибањез има настапувано за У23 селекцијата на Бразил.
СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ
Голмани: Алисон, Едерсон, Вевертон.
Одбрана: Милитао, Бремер, Маркињос, Тиаго Силва, Ибањез, Данило, Сандро, Телес
Среден ред: Касемиро, Фабињо, Рибеиро, Пакета, Гимараеш
Напад: Нејмар, Винисиус, Рафиња, Фирмино, Педро, Куња, Антони, Родриго, Ришарлисон










