Македонската боречка експедиција на Светското првенство кое што од утре па се до 18 септември ќе се одржи во Белград, Србија, брои петмина борачи.
За Македонија ќе настапат: Владимир Егоров (-57 кг), Бесир Алили (-61 кг), Фати Вејсели (-70 кг), Дејан Митров (-79 кг) Могамедгаџи Нуров (-97 кг).
Најмногу се очекува од европскиот шампион Егоров и носителот на бронзениот медал од СП Нуров, а Вејсели и Алили да покажат талентот да дојдат до поскауваниот резултат, додека Дејан Митров ќе се потпре на огромното искуство.










