Поранешниот ас на Рома, Даниеле Де Роси почнува тренерска кариера, а тој ќе биде кормилат на СПАЛ кој се натпреварува во Серија Б. Со тоа уште еден светски шампион со Италија од 2006 година презема тим во втората по ранг лига во Италија, а таму веќе работат Фабио Канаваро (Беневенто), Филипо Инзаги (Реџина), Фабио Гросо (Фросиноне)…
Како што пренесува „Скај Италија“ се очекува Де Роси и СПАЛ да го потпишат договорот во вторник.
Де Роси освен во Рома, краток период беше во Бока Јуниорс и потоа се пензионираше. За Италија впиша 117 настапи. Тој досега беше дел од италијанската репрезентација но како асистент.










