Лацио со убедлива победа во Фиренца (видео)

85

Екипата на Лацио впиша нови три бода во Серија А откако вечерва, во последниот меч од 9.коло ја совлада Фиорентина во гости со 0:4. Натпреварот помина во доминација на Фиорентина, меѓутоа головите ги постигнуваа играчите на римската екипа.
Во 11 минута Весино ја затресе мрежата на домашните по корнерот и центаршутот на Закањи. Во 25. минута токму Матија Закањи на центаршут на Милинковиќ-Савиќ ја смести топката во голот на „виолетовите“. Во финишот на второто полувреме Луис Алберто и Чиро Имобиле по еднаш ја погодија мрежата за конечни 0:4.

И покрај тоа што играчите на Фиорентина играа, имаа доминација, повеќе удари на гол, сепак, гостите максимално ги искористија своите шанси. Овој меч беше ист како и оној минатата сезона во Фиренца кога исто така домашните доминираа, а фудбалерите на Лацио на крајот ја однесоа победата со 3:0.
Лацио е трет на табелата со 20 бода, три помалку од лидерот Наполи. Фиорентина е на 13. место со 9 бода и го впиша четвртиот пораз.

ПретходноДе Роси почнува тренерска кариера во тим од Серија Б
СледноНотингем Форест со реми против А.Вила ја прекина серијата од пет порази (видео)