Петровиќ: Партизан шутираше страшно за три поени, ние почнавме во грч!

163

Македонскиот првак ниту од втора не успеа да дојде до првата победа во јадранската елита. Во првиот меч на домашен терен беше совладан од Партизан со убедливи 74-92.

Предводникот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ беше задоволен од залагањето на своите кошаркари, грешката ја гледа во првата четвртина во која неговиот тим постигна само девет поени, како и во бројот на офанзивни скокови.

„Мечот го почавме во грч, првата четвртина ја завршивме со фамозни девет поени, во следниот период притиснавме во одбрана. Партизан шутираше страшно за три поени, имаше добар процент од линијата за слободни фрлања. Имавме проблем со дефанзивниот скок, имаа повеќе офазивни скокови. Кога резултатот дојде до десет разлика, направија офанзивен скок и напрад, го качија резултатот. Не велам дека ќе се сменеше нешто.

Сепак не можам да бидам незадоволен од тоа како се залагаа на терен. Распоред е тежок, игравме против две екипи кои играат во Евролига, ни следи уште еден тежок меч против Будуќност. Целта останува иста, да се обезбеди опстанок во АБа-лига“, изјави Петровиќ. 

ПретходноОбрадовиќ: МЗТ Скопје покажа карактер! Благодарност до навивачите за одличната атмосфера!
СледноБаерн без Мусиала во 4. коло од Лигата на шампионите