МЗТ Скопје не успеа да приреди изненадување против силниот Партизан, по само една четвртина гостите го решија мечот, на крајот славеа со убедливи 74-92. Предводникот на српскиот тим, Жељко Обрадовиќ на прес-конференцијата по мечот испрати комплименти на сметка на македонскиот првак, за борбата за тоа што не се откжаа.
„Сакам пред се да се заблагодарам на навивачите на двата тима и на домаќинот, за одличната атмосфера во кој го игравме мечот. Го отворивме дуелот со агресивна игра, си создадовме предност што беше одлучувачка и што знаевме како да ја задржиме. По она што ни се случи пред неколку дена, сега се покажавме во далеку подобро светло и се надевам дека ќе бидеме уште подобри во иднина. Најсериозно се подготвивме за МЗТ Скопје, ова е само почеток на сезона и тешко е да се анализира и да се прогнозира. Сепак, МЗТ е тим што и денеска покажа дека е екипа што знае како да игра до самиот крај. Во ниту еден момент мечот не изгледаше како завршен, МЗТ се бореше и покажа карактер“, изјави Жељко Обрадовиќ.










