Погледнете каков „луд“ автогол падна во австриската Бундес лига (видео)

249

Фудбалерите на Рид го совладаа екипата на Волфсбергер со резултат 2:1 во гости во рамките на австриската Бундес лига. Мечот го одбележа неверојатен автогол. Фудбалерите на Рид водеа со 2:0, а во финишот на мечот нивниот фудбалер Матијас Грагер се погрижи да стигне до светските медиуми.
Кога неговиот тим беше на противничката половина, Грагер одлучи да ја врати топката до својот голман, но тоа го направи јако па соиграчот немаше шанси да спаси.
Сепак, тоа не го чинеше Рид затоа што веднаш по тој гол беше свирен крај.

ПретходноСелекторот на Португалија затајувал данок
СледноШевченко за малку ќе загинел во денешното бомбардирање во Украина