Пујол за објавата на Касиљас: Немав лоша намера, простете ми!

561

Шпанскиот фудбалер во пензија Карлес Пујол се извини за коментарот на објавата на Икер Касиљас на Твитер. “Направив грешка. Извинете за несмасната и сосема несоодветна шега, немав лоши намери. Разбирам дека можеби се повредени нечии чувства. Ја почитувам и поддржувам ЛГБТ заедницата”, напиша Пујол.

Да потсетиме, Касиљас во објава на Твитер напиша дека е геј. Но, објавата исчезна еден час подоцна, а поранешниот голман ја објасни ситуацијата во нов твит:

„Мојот профил беше хакиран. За среќа, сега се е во ред. Извинување до сите мои следбеници. И, секако, уште едно извинување до ЛГБТ заедницата“, пиша тој. 

Избришаниот твит гласеше: „Се надевам дека ме почитувате. Јас сум геј“. За еден час Касиљас собра повеќе од 200 илјади реакции и голем број нови следбеници. Во своите коментари, поранешниот соиграч Пујол му даде поддршка: Време е да кажаш. Горд сум на тебе. Пујол и Касиљас со години се големи ривали на теренот. Едниот беше капитен на Реал Мадрид, другиот на Барселона.

ПретходноЗагина фудбалерот кој го постигна еден од најбрзите голови во историјата
СледноУЕФА го повлече распоредот за квалификациите за ЕУРО 2024!