Напаѓачот на Ливерпул Луис Диас ќе биде надвор од стројот во период од шест до осум недели поради повреда добиена на натпреварот со Арсенал во неделата, пренесува „Дејли меил“. Колумбиецот го повреди коленото во првото полувреме и го напушти теренот. Тоа значи дека нема да му биде на располагање на Јирген Клоп на сите останати двобои до почетокот на Мундијалот (20 ноември – 18 декември) и ќе може да се врати најрано на „Боксинг деј“ кога првенството ќе продолжи.
Тоа е нов „удар“ за „Црвените“ од Енфилд кои бележат слаби резултати сезонава и затоа има 14 бодови во првенството. Диас беше еден од малкуте фудбалери во форма, а досега има 4 гола и 3 асистенции.
До почетокот на СП на Ливерпул му остануваат 10 меча, а за противници ќе ги има Манчестер Сити, Вест Хем, Ајакс, Наполи, Тотенхем,…