ТИМ И ИГРАЧ НА 10.КОЛО: Нгоба го растури Ѓорче!

334

Нгоба и дефинитивно е “фаца“ во Кавадарци. На крилјата на Камерунецот тимот на Тиквеш оваа есен е приказна за себе. Во саботата, на својот роденден, Нгоба одигра уште еднаш маестрално. Им стегна два гола на „лавовите“ и со тоа и како му помогна на својот тим да слави над Македонија ЃП со 4:0.

Нема дилеми дека тој е играч на ова 10.коло. Покрај него во тимот на колото од тимот на Тиквеш се и Ивановски и Стојков.

Победа славеше во Кратово, а одличен настап имаа Паноски, Стомнароски и Петејчук. Брегалница извади голем бод кај Шкендија, а блескаа голманот Шчекиќ и стоперот Ристевски.

Шкупи ја победи А. Пандев среде Струмица, добра партија на Алварез и стрелецот на победничкиот гол Диене. Чурлинов од Скопје одигра одлична партија против Работнички.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
АНАЕЛ БАРГА НГОБА
Тим: Тиквеш
Роден: 08.10.1998 во Камерун
Кариера: Ал-Ватани, Мајес, Ал – Акдар, Тиквеш

ПретходноБлан не се шегува: Им реков на играчите дека сакам 5 победи по ред!
СледноУште една мака за Клоп – Луис Диас нема да игра долго време