Француските и шпанските медиуми постојано објавуваат информации за атмосферата во соблекувалната на ПСЖ. Ситуацијата е добро позната од претходно и главниот проблем е Килијан Мбапе. Помеѓу него, Нејмар и Лионел Меси нема хемија, иако на теренот се обидуваат да покажат нешто друго, пишува „Марка“.
Раководството на францускиот првак е свесно за ситуацијата. Нејмар и Меси се во одлични односи уште од времето на Барселона, но Мбапе не го поднесува Бразилецот. Сите тројца сакаат да дојдат во најдобра форма на првенството во Катар, но Мбапе со своето однесување ги иритира двајцата фудбалери.
Пред стартот на сезоната францускиот фудбалер доби најголем договор во историјата на фудбалот и посака да стане главен ѕвезда во ПСЖ, да го тргне од тронот Нејмар, кој пак одлучи да одговори со одлична форма, која исто така ја подигна и Меси.
Сето ова му засметало на Мбапе, кој добил поддршка од Серхио Рамос. Неофицијално Рамос бил поблизок со Мбапе отколку со Меси и Нејмар, па во редовите на францускиот првак веќе има и кланови. Јужноамериканскиот клан беше претходно многу посилен, но сега веќе си заминаа Икарди, Передес, Ди Мариа и Ерера.










