Шевченко за малку ќе загинел во денешното бомбардирање во Украина

239

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко за малку можел да загине во бомбардирањето што руските воени сили го направија во Украина. Шевченко раскажува како поминал низ пеколот во тие неколку часа. Русите испалиле 80 ракети и 12 дронови камикази на украинска територија.
Бев во возот и застанавме пред гранатирањето. Тие неколку часа беа како вечност. Сакам да порачам само едно, а тоа е дека никакви ракети нема да ја скршат Украина. Може да ни ги земете улиците, куќите, но не може да ни го одземете достоинството, храброста и желбата за слобода. Ќе ја заштитиме Украина. Ќе пееме по мостовите како што народот во Киев денеска пееше во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“, беше пораката од Шевченко, кој на својот инстаграм профил постави видео од нападот на мостот.

 

ПретходноПогледнете каков „луд“ автогол падна во австриската Бундес лига (видео)
СледноЕдинствениот бундеслигаш без победа го отпушти тренерот