Дербито во Кавадарци во рамките на последниот меч од осмото коло во групата Б ги исполни очекувањата. Победник од пресметката меѓу Тиквеш 2014 и Е.Пелистер 2 излезе домашниот состав, кој ги совлада битолчани со 27-25 и им сервираше одмазда за поразот на првиот меч.
Димовски со 11 гола беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Петровиќ со четири, на другата страна Петровиќ имаше седум гола, Кукуловски запиша пет погодоци.
Домашниот состав влезе фуриозно, поведе со 3-0, на другата страна на избраниците на Александар Јовиќ им беа потребни осум минути за да го постигнат првиот гол (3-1). Кавадарчани дојде и на плус четири (7-3), но застанаа. Темпото падна, влегоа во серија на грешки, не реализираа во нападот, па стигна казна и покрај расположениот Велков, кој во првиот дел имаше седум одбрани. Пелистер 2 приреди целосен пресврт на одморот замина со предност од 12-14.
Сепак Тиквеш 2014 не дозволи овој меч да биде решен после 30 минути игра. Израмни на 14-14, и 16-16, а потоа со серија од 5-1 поведе со 21-17 во 45 минута. Димовски, Коцев и Петровиќ го повлекоа својот тим, беше и 22-18.
Битолчани по тајм-аутот на Јовиќ успеаја да намалат на 22-20, откако кавадарчани повторно влегоа во серија на грешки и нереализирани напади. Сепак, Данило Брестовац и неговите момци не дозволија уште еднаш да го испуштат од рака водството, па поведоа со 25-21. Мотивот беше голем, па
По овој триумф Тиквеш се израмни со Е.Пелистер 2, по осмото коло двата тима имаат по 16 бода и ќе водат трка не само за третото место на табелата, туки за втората позиција, Пролет е на само еден бод.