Македонската женска ракометна репрезентација со пораз го отвори Европското првенство, кое се одржува во Скопје.
Нашите девојки беа поразени од актуелниот олимписки првак Франција со 24-14, па својата шанса за победа ќе ја бараат против Холандија во понеделник.
На отварањето нашите ракометарки имаа голема поддршка од трибините, а РФМ не заборави да им се заблагодари на сите, кои навистина со срце навиваа за Македонија.