Барди стрела за Трабзонспор во ремито против Анкарагучу (ВИДЕО)

339

По подолга пауза, макаедонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол за екипата на Трабзонспор кој беше вреден еден бод на гостувањето кај Анкарагучу во рамките на 14. коло од турската Суперлига.

Барди погоди во 61. минута за водство од 1:0, но домашните успеаја да израмнат од пенал само 10-тина минути подоцна. Нашиот репрезентативец гоодигра комплетниот меч за Трабзонспор и беше еден од најдобрите на теренот.

За Барди ова беше трет гол во дресот на Трабзонспор оваа сезона.

ПретходноБутел убедлив во Струга, Пролет подобар од Радовиш!
СледноОФМ донесе одлука за пет спорни натпревари, меѓу кои и прекинот во Струмица