И натаму во главна тема на Европското првенство за дами е начинот на кој Полска беше елиминирана во групната фаза. Наместо оваа селекција во Скопје, допатуваа германските ракометарки, Шпанија одлучи за кого шампионатот ќе заврши порано, ја фрли топката, не го искористи нападот.
Очекувано, селекторот на Полска, Арне Сенстад како и сите останати беа видно изритирани.
„Среќа што не го сретнав во хотелот. Којзнае што ќе се случеше тогаш. Немам ништо против малиот Шпанец, но се надевам дека нема да се сретнее наскоро.
Имавме првенство над очекувањата, реална шанса да одиме во главната рунда и се случи тоа. Така отворено што е провокација за самиот спорт и неговата ДНК“, изјави Арне Сенстад, селекторот на Полска, мислејќи на селекторот на Шпанија.
Денеска во Скопје се играат првите мечеви од главната рунда, Холандија и Германија играат во 18 часот, додека Романија ќе ги одмери силите со Шпанија (20:30 часот).










