Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов, денеска беше домаќин на претседателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер. Првиот човек на ЕХФ во Скопје присуствуваше на натпреварите на ЕП за жени, а имаше и средба со првите луѓе на македонскиот ракомет.
„Вистинска чест и привилегија беше да го пречекаме претседателот на Европската ракометна федерација, нашиот драг пријател, Михаел Видерер во Скопје. Заедно со генералните секретари Филип Милошевски и Мартин Хауслајтнер разговаравме на интересни теми за нашиот национален спорт бр.1! Би сакал да се заблагодарам и на јавноста и на медиумите за поддршката. Како национална ракометна федерација надминавме големи предизвици на ова патување наречено ЕХФ ЕУРО 2022, но наклонетоста на нашата нација кон ракометот ќе биде мотив за уште повисоки достигнувања! Ми беше најголемо задоволство да ја видам нашата сениорска репрезентација на теренот на овој голем турнир по десет години „пауза““, напиша Мукаетов на Инстаграм.
View this post on Instagram










