Во Првата лига жени седмото коло го донесе најголемото изненадување. Дебитантот во ова натпреварување Гризли Баксет ја запиша својата втора победа оваа сезона, истата ја забележа на сметка на актуелниот бранител на трофејот.
Кошаркарките на Гризли Баскет ја добија драмата со Бадел 1862, на гостински терен славеа со минимални 62-63 и направија голем чекор кон обезбедување на посакуваниот опстанок.
Во дерби дуелот подобра беше екипата на Баскет Кам, на домашен терем го победи Вардар со (65:62).
Мечот беше крајно неизвесен во текот на сите 40 минути, а драматичен во онаа последната, во која прво најдобриот поединец на дербиот, Марија Николов, погоди со истек на нападот за (64:60). „Вардарки“ брзо поентираа за (62:64), но направија и прекршок над Николов. Оваа погоди едно од двете слободни фрлања за (65:62).
Гостинките имаа две шанси да дојдат до израмнување, но не ги искористија, па победата остана за девојките од Македонска Каменица, кои беа дополнително ослабени со неиграњето на репрезентативката Елена Тасевска.
Најзаслужна за неа дефинитивно беше Марија Николов која натпреварот го заврши со 22 поена, Цветанка Димова постигна 15, а Катерина Поп Димитровска дополни со 11. реализации. Со 24. поени, Јелена Антиќ беше најефикасен играч на дербито.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
Пробаскет – Крива Паланка65:100
Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 66:74
Бадел 1862 – Гризли 62:63
Баскет Кам 2011 – Вардар 65:62
ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 14, Вардар 13, МЗТ Скопје Аеродром 11, Бадел 1862 10, Струга 2009 10, Крива Паланка 10, Гризли 9,Пробаскет 7;
ИДНО КОЛО (17.12)
Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром
Бадел 1862 – Пробаскет
Струга 2009 – Вардар
Баскет Кам 2011 – Гризли Баскет










