Ливерпул договорил аргентински репрезентативец

809

Ливерпул постигнал договор со Бенфика за потпис на играчот за врска Енцо Фернандез во јуни 2023 година, пренесуваат аргентинските медиуми. Репрезентативецот на Аргентина кој минатото лето прејде во Бенфика од Ривер Плата импресионираше во тимот на Лионел Скалони во досегашниот дел од СП во Катар. Ливерпул успеал да го договори 21-годишниот фудбалер да дојде на „Енфилд“ по завршување на сезоната.

Инаку оваа сезона Енцо ги одигра сите натпревари за Бенфика во португалската Примеира. Во Катар постигна и убав гол против Мексико во групната фаза.

Засега не е познато колку ќе плати Ливерпул за овој трансфер. Тој има откупна клаузула со Бенфика од 120 милиони евра.

FOTO> Twitter/FIFAWorldcup

 

 

ПретходноАнгажирале уметници да им ја „украсат“ соблекувалната, платиле 28.000 евра и добиле ОВА!
СледноНовинар се обиде да го испровоцира, Далиќ веднаш го спушти!