Смртта на американскиот новинар Грант Вал, кој почина на натпреварот меѓу Аргентина и Холандија, го шокираше светот. Вал почина за време на продолженијата на споменатиот натпревар, а сета драа се одвивала пред очите на неговите колеги, кои веднаш повикале брза помош, но наводно немало начин да го спасат.
Новинарот на „Тајмс“, Џош Гленси потврди дека ка стадионот кој чини милиони евра, немало дефибрилатор, кој можеше да му го спаси животот на новинарот. Претходно братот на починатиот новинар, Ерик Вал, изјави дека неговиот брат е убиен.
„Убеден сум дека го убиле“, накратко рече тој во видеото објавено од Ерик Вол веднаш по смртта на неговиот брат. Неколку дена пред смртта, Грант се пожалил на стрес и недостаток на сон поради што му се слошило, но му било кажано дека има бронхитис.
„Зошто немаше дефибрилатор на стадионот? Тоа е прашањето што си го поставивме, додека медицинските лица се обидуваа да го спасат нашиот колега. На ова место на стадионот од милијарди долари, кој ја има ВИП просторијата за која сите сонуваме околу, немаше ниту еден дефибрилатор“, вели Џош Гленси, репортер на „Тајмс“.
„Помина многу време, додека чекавме да го донесат. На крајот тоа не се случи. На крајот пристигнаа некои луѓе, мислевме дека донесоа дефибрилатор, но го однесоа Вал. Имаше крпа на лицето, па знаевме што се случи. Наводно, имал срцев удар“, изјави Гленси.










