Ембид растури со 53 поени, Вилијамсон за нова победа на Њу Орлеанс (ВИДЕО)

118

Кошаркарите на Филаделфија славеа против Шарлот со 131:113 на домашен терен, предводени од Џоел Ембид кој постигна неверојатни 53 поени. Ембид постигна повеќе од 50 поени по вторпат оваа сезона, а четвртипат во кариерата. Тој шутираше 20/32 од поле и ги погоди сите 11 слободни фрлања.

Џејмс Харден додаде 19 поени, 16 асистенции и девет скока за победничкиот тим, додека Тобијас Харис уфрли 14 поени.

Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа серијата од три порази, откако на гостински терен го победија Детроит со 124:117. Најзаслужни за тоа беа Леброн Џејмс со 35 поени и Ентони Дејвис, кој постигна поен помалку со 15 скока.

Њу Орлеанс го победи Феникс на домашен терен по продолжение со 129:124 и со тоа го забележа седмиот триумф во низа. Зион Вилијамсон беше најдобар во редовите на Њу Орлеанс со 35 поени.

Кошаркарите на Атланта синоќа по продолжение го совладаа тимот на Чикаго со 123:122 и со тоа ја прекинаа серијата од три последователни порази во НБА лигата. Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше најдобар во победничкиот тим со 28 поени, од кои 17 постигна во првото полувреме, а забележа и седум скока и пет асистенции. Го следеше Треј Јанг со 19 поени и 14 асистенции, додека два помалку постигна Еј Џеј Грифин.

НБА РЕЗУЛТАТИ: 

Детроит – ЛА Лејкерс 117-124

Њујорк – Сакраменто 112-99

Орландо – Торонто 111-99

Филаделфија – Шарлот 131-113

Атланта – Чикаго 123-122 (прод.)

Хјустон – Милвоки 97-92

ПретходноПо одличните настапи на СП, Ноперт се сели во Ајакс
СледноЛинекер: Саутгејт треба да остане селектор, тој ја направи Англија почитувана во светот