Браќата Амрабат во моментов се движечка сила на репрезентацијата на Мароко која што е полуфиналист на Мундијалот во Катар. Историскиот успех на репрезентацијата од Африка е тотално заслужен, а браќата Амрабат се во центарот на вниманието, како прочем и сите нивни колеги.
Во обидот да се објави што подобра ексклузива холандските медиуми објавија снимка од 2007 година на која тогаш младинскиот репрезентативец на нивната земја до 21. година и член на ПСВ Ајндховен, Нордин Амрабат во интервју го претставува својот помлад брат, Софиан и вели дека тој е добар, но дека Софиан ќе биде уште подобар.
Судбината сакаше и обајцата репрезентативниот дрес на Холандија да го заменат со оној на Мароко од каде што потекнуваат и да направат прекрасни кариери во голем број на европски клубови.










