Таткото на сопругата на Алаба е уапсен како член на военото крило на групата „Рајхсбиргер“

697

Познатиот готвач Френк Хепнер, наводно, бил меѓу 25-те лица уапсени во опсежните рации на германската полиција во средата, кои спречија наводен заговор за упад во парламентот и егзекуција на Канцеларот.

Хепнер (62), чиј зет е фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид и Австрија, Давид Алаба, се верува дека е уапсен во австрискиот ски-центар Кицбил каде што поседува и управува ресторан. Според германскиот весник „Билд“, иследниците веруваат дека славниот готвач бил висок член на военото крило на групата „Рајхсбиргер“ – група заговорници кои сакаат да ја соборат модерната германска демократска држава и да инсталираат член на германско кралско семејство како нов лидер.

Германскиот јавен обвинител рече дека милитаризираната единица на Рајхсбиргер е одговорна за „регрутирање нови членови, набавка на оружје, воспоставување структура за ИТ и комуникации и изготвување планови за идно сместување и угостителство“.

Австрискиот „Die Presse “ објави дека Хепнер требало да ги преземе мензите на новиот германски Рајх и да ги снабдува нивните војници.

ПретходноМалта подобра во првата У15 пресметка
СледноЗапомнете, малиов ќе биде играчиште…. (ВИДЕО)