Малта подобра во првата У15 пресметка

279

Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот контролен меч против соодветната селекција на Малта.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски беа поразени со 2:0.

Македонија прва се закани по голот на противникот преку Грашевски во 5. минута. Митановски во 7. минута се најде во одлична можност, но неговиот удар во последен момент бепе изблокиран.

На почетокот на второто полувреме, репрезеднтацијата на Малта поведе со 1:0. Македонија повторно се закани преку Грашевски, но бз реализација. Во 67. минута, домаќинот успеа да го зголеми резултатот на 2:0. Во 69. минута Стоилов ја имаше последната добра можност за Македонија.

Македонија: Антониј Трајковски, Енвер Фејзуловски, Стефан Стаматовски, Лорент Жаку, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Иво Марковски, Давид Ангелевски, Стефан Бранковски, Алексанар Грашески, Илија Митановски;

Селектор: Раде Каранфиловски

ПретходноБразилците тргнуваат во (не)возможна мисија: Пеп за нов селектор на кариоките“?
СледноТаткото на сопругата на Алаба е уапсен како член на военото крило на групата „Рајхсбиргер“