МЗТ Скопје го затвори деветото коло во Првата лига. Актуелниот македонски првак се врати со победа од Гевгелија, го совлада Кожув со 66-79 и го запиша осмиот триумф оваа сезона. Мечот од домашниот шампионат беше како мелем за раната по поразот од Борац во АБА-лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје оваа средба ја решија во третата четвртина, која ја добија со 12-31. Претходно домашниот тим пружи силен отпор, по 14-21 во првата четвртина за гостите, Кожув одигра подобро во вториот период, па на одморот имаше негатива од 40-43.
Во последните десет минути, домаќинот одигра многу подобро, но тоа пак не беше доволно за целосен пресврт, на крајот гевгелијачни го запишаа шестиот пораз оваа сезона.
Војдан со 17 поени и 6 асистенции беше прв стрелец, зад него беше Робев со еден поен помалку, Крстевски имаше 13 поени и 7 скока. На другата страна Гордон реализираше 28 поени.










