Навивачката група на ФК Беласица, популарните Ајдуци, по повод јубилејот, сто години од основањето на нивниот клуб, приредија вистинска фешта, односно „баклијада“ на стадионот „Младост“ во Струмица.
Во прекрасен амбиент, „Ајдуци“ направија спектакл кој снимен од дрон наликува на славјето на големите европси и светски фудбалски великани.
„Една и единствена нашата Струмица како и нејзината најголема гордост ФК Беласица, една целина која ја исполнува душата и срцето на секој струмичанец, засекогаш. Одбележување на сто години гордост на градот, ФК Беласица, како и денот на нашиот град Струмица.“ – велат „Ајдуци“










