Виландер: Ѓоковиќ во Австралија ќе дојде многу гладен за победа

228

Седумкратниот победник на Грен слем турнирите, поранешниот шведски тенисер, а сега тв-аналитичар Матс Виландер ги сподели своите очекувања за претстојниот Австралија Опен 2023.

„Моја претпоставка е дека Новак Ѓоковиќ ќе дојде во Австралија многу, многу гладен за победа, ќе биде многу тешко да го победите. Ноле го сметам за голем фаворит, па зад него ќе го ставам Медведев кој најдобро игра на тврда подлога и, секако, Надал кој ја брани титулата. Ѓоковиќ може да разочара само поради пресилната желба да се докаже по се што му се случи во Австралија минатата година“, вели Виландер.

Шпанецот Рафаел Надал е актуелен бранител на титулата на Австралија опен откако во финалето го победи рускиот тенисер Данил Медведев во пет сета.

ПретходноЛинекер: Саутгејт треба да остане селектор, тој ја направи Англија почитувана во светот
СледноЗавршија со СП 2022: ФИФА ги испрати дома Лахоз, Оливер и Турпин