Ленс го “тресна“ ПСЖ и му го нанесе првиот пораз во Лига 1! (ВИДЕО)

347

Каков шокантен почеток на Новата 2023 година за пребогатиот и ѕвезден тим на ПСЖ. Имено вечерва “светците“ во меч од 17.коло од Лига 1 доживеаја дебакл на гостувањето кај Ленс и пораз од 3:1.Ова е прв пораз за ПСЖ сезонава, прв пораз од март минатата година кога загуби од Монако. Со овој пораз на ПСЖ нема веќе непоразени во Лигите 5 во Европа.

Ова е и прв пораз на Криштоф Галтие како тренер на тимот од Париз.

Да кажеме дека ПСЖ на вечерашното гостување драстично ослабен, во тимот покрај другите не беа и Меси и Нејмар.

Ленс поведе со голот на Франковски во 5.минута, гостите израмнија со голот на Екитике три минути подоцна. Следуваше нов шок за ПСЖ, Опенда во 28.минута по киксот на Рамос и Маркињос стрелаше за 2:1, додека конечните 3:1 ги постави Клод-Морис во 49.минута.

Со оваа победа Ленс му се приближи на ПСЖ, кој и натаму е прв, на само четири бодови.

ПретходноПеп: Не сум ви јас Фергусон или Венгер, штом ќе посакам ќе си одам од Манчестер Сити!
СледноРоналдо до последен момент се надевал на телефонски повик од Дон Флорентино!