Денеска во Гармиш – Партенкирхен се одржа традиционалниот натпревар во скијачки скокови во рамките на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Во една интересна битка, успеа да победи Халвор Егнед Гранеруд од Норвешка со 303,7 поени. Втор беше словенечкиот ски – скокач Анже Ланишек кој заостана 6,4 поени, додека третопласиран беше Давид Кубацки од Полска со 294,4 поени.
Гранеруд во првиот скок “леташе“ 140 метри, додека во вториот 142 метри.
Да кажеме дека Гранеруд победи и во Оберсдорф во рамките на годинешната турнеја “Четири скокалници“.
Сега на ред се Инсбрук и Бишофсхофен.










