Роналдо до последен момент се надевал на телефонски повик од Дон Флорентино!

2863

Откако веќе се знае дека Кристијано Роналдо во наредните две години ќе игра за Ал Наср и тоа за 200 милиони евра по сезона, сега полека се шират приказни што и како му претходело на овој негов завчерашен потпис за тимот од С. Арабија.

Португалецот пред една недела им кажал на Арапите дека се е готово, но официјализирањето на трансферот да биде на крајот од годината.

Имено тој се надевал до последен момент дека ќе дојде телефонски повик од Флорентино Перез. Да му даде до знаење на Дон Флорентино дека сака назад, тој го одбра токму Реал Мадрид за тренирање по СП во Катар.

Имало приказни дека и Канзас Сити од МЛС бил многу блиску до потписот на Роналдо, но сепак тој чекал до последно повик од “Сантијаго Бернабеу“, но тој повик не дошол. И токму затоа вчера одлучил да стави крај на чекањето и да стави параф на потписот на најголемиот договор во историјата на фудбалот на спортот воопшто.

ПретходноЛенс го “тресна“ ПСЖ и му го нанесе првиот пораз во Лига 1! (ВИДЕО)
СледноСпоред ИФФХС: Ова е ТОП-10 листата со најдобри бразилски фудбалери во историјата, на неа го нема Нејмар! (ФОТО)