Брегалница се засили и со Зоран Андонов!

551

Крилниот офанзивец Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница во зимскиот преоден рок пред продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

22-годишниот Андонов потпиша договор за соработка со „сините“ доаѓајќи од редовите на Детонит Плачковица каде настапуваше во првиот дел од сезоната 2022/23 и каде што соработуваше со тренерот Горан Здравков, сега и двајцата се во Брегалница.

Претходно, Андонов во својата кариера има настапи и за струмичка Беласица, како и за Кит Го Пехчево. 

Брегалница се засили претходно и со фудбалерот од средниот ред на Скопје, поранешниот младински репрезентативец Давид Калпачки.

ПретходноПромоција: Ацо Стојков и официјално е нов спортски директор на Академија Пандев! (ФОТО)
СледноСе е подготвено за спектаклот во “Борис Трајковски“! (ФОТО)