Еден од најголемите таленти во Јужна Америка потпиша за Саутемптон

130

Еден од најдобрите млади играчи во Јужна Америка Карлос Алкараз го напушта Расинг и ќе игра во Саутемптон. Двете страни се договориле, а Алкараз ќе му се приклучи на премиерлигашот во наредните 24 часа.
Инаку Алкараз потпишал договор до јуни 2027 година, а Саутемптон ќе плати 14 милиони евра за неговите услуги плус 1 милион во форма на бонуси. Расинг ќе добие и 15% од сумата при наредната продажба на фудбалерот.
Алкараз има 20 години, игра во средниот ред и дебитираше за Расинг во 2020 година. Во финалето на аргентинскиот Куп 2022 го постигна победничкиот гол против Бока.

ПретходноАнглиската полиција ќе им влегува во домовите на оние кои што гледаат ПЛ преку стримови!
СледноБрегалница „билда“ кондиција во домашни услови