Македонската тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ Фјучерсот во Талин, Естонија. Во улога на трета фаворитка, нашата тенисерка денеска со 6:2, 6:4 беше подобра од далеку послабо рангираната чешка тенисерка Зелничкова.
Во рамките на утрешниот осминафинален меч Ѓорческа ја очекува дуел со Шпанката Лазаро Гарсија која има скоро сличен ВТА рејтинг како и нашата најдобра тенисерка.