Академија Пандев ги стартуваше подготовките

383

Екипата на Академија Пандев од денеска е во погон. Тренерот Александар Васовски го поведе своите избраници во уште една зимска авантура која што најпрво ќе стартува во домашни услови, а потоа ќе се префрли во Анталија.
Таму се заминува на 21 јануари, а во Турција ќе се одседне еднаесет дена.

Во Анталија ќе се одиграат четири контроли, против екипите на Марица Пловдив (Бугарија), Актобе (Казахстан), Зорја (Украина) и Кизилхар (Казахстан).
По враќањето во Македонија ќе се одиграат уште два контролни натпревари против Детонит Плачковица и против Беласица.

ПретходноЕтем Ерен Вардар нова опција за Македонија (ВИДЕО)
СледноАбдул-Малик Абу e новата аквизиција на МЗТ Скопје Аеродром